Seminarski i Diplomski Rad

Osobenosti i funkcii na retorikata (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 10 | Nivo: Praven fakultet

Вовед
Реториката се појавила одамна, од кога знае за себе човекот ја практикува усмената реч за да луѓето комуницираат меѓу себе.Меѓутоа, сигурни податоци за почетоците на реториката како вештина на убедувањето се врзуваат за средината на петтиот век пред нашата ера, за древната грчка колонија Сицилија. Се смета дека две историски збиднувања биле значајни за настанувањето на реториката , и тоа рушењето на тиранијата на Хиерон и сопственичките спорови кои настанале поради насилната депортација на населението во врска со населувањето на Сиракуза, како и бројните експропријации на земјиштето. Тогаш, се негувала реториката, усмената реч за да се настапи пред народната порота, и конечно да се успее и да се биде победник во сопственичкиот спор. (Lj. Tadic, Retorika, Uvod u vestinu govornistva , Beogrd, 1995, 19).
Не е спорно дека историските зачетоци ја третираат реториката како древна вештина, која во својата долга историја, во двојот долг век имала променлива судбина, некои ја величале , други ја оспорувале, но, сите ја пректикувале и токму во тој факт реториката ја црпе својата * вечна младост*.
Реториката има интердисциплинарен карактер. Дали таа претставува наука или техника а за тоа има различити становишта, дали станува збор за новата или за старата реториката , или пак за општата или посебната реторика не е спорна определбата дека сите проучувања на реториката се во функција на фактот дека таа е општа и иманентна алатка на сите оние кои ја практикуваат комуникацијата.Правниците, новинарите, политиколозите, литератите, проповедниците, луѓето од бизнис заедницата имаат потреба и ја практикуваат реториката, а таа пак има повеќезначна природа.
Главен дел
Не е едноставно да се определи помот на реториката. Во говорната комуникација сознајбата за пежоративното значење на реториката иако се уште е присутна, како да отстапува место на размислата за значењето на реториката како интердисциплинарна творба која е многу значајна за секој едуциран човек. Сепак, да се каже на некого јас ја почитувам вашата реторика , денес не е комплимент затоа што најчесто во општото значење од дамнешни времиња, уште од Платоновиот Сократ и софистите па до денес кога ги следиме жолчните расправи во праламентот реториката претставува синоним за нешто вештачко, надуено, за декламаторика, за лошо, извештачено, нешто што предизвикува емпатија и негодување.(историски погледнато вистинска заслуга за овој став кон реториката му припаѓа на Платоновиот Сократ, со тоа што понего се повеле многу филозофи, историчари, теоретичари, политичари, литерати) При тоа се заборава дека уште во Библијата стои определбата дека во почетокот беше збор, дека човечката цивилизација е поврзана со практикувањето и изучувањето на реториката, затоа што луѓето како свесни суштества го употребувале дискурсот, за да го искажат своето мислење, да се наметнат на аудиториумот, да победат во расправата, да го поведат народот во војна, да склучат мир, да пофалат или покудат некого, да ја пронајдат вистината во секој конкретен судски спор.(При тоа се поаѓа од мислата на Цицерон дека целта на реториката е во наговарање или убедување на слушателите, Cicero, De orat. 1.31.13 , Primum oratoris officium esse dicere ad persuadendum accommodato. Значи, говорникот својата задача ја наоѓа во уверување на слушателите, на публиката. )

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

 

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!